Играчот на Динамо од Загреб, кој вториот дел од сезоната го игра како позајмен играч во Локомотива, Бојан Кнежевиќ, наскоро би можел да заигра за репрезентацијата на Србија.
Кнежевиќ има 22 години, а во кариерата ги минал сите младински категории во фудбалската репрезентација. Тој е капитен на младата репрезентација, која избори пласман на Европското првенство.
„Ми се јави човек од српскиот Сојуз и ми кажа дека имам можност да играм за нивната репрезентација. Му кажав дека сум заинтересиран, зошто не би бил заинтересиран? Свесен сум дека луѓето ќе ме гледаат чудно, но мене ме интересира само фудбалот. Морам да признам дека ситуацијата во младата репрезентација на Хрватска не е сјајна, а како стојат работите тешко дека некогаш ќе добијам можност да играм за сениорската репрезентација“, изјавил Кнежевиќ за „Спортске новости“.
Според овој извор на фудбалерот му се јавил претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза, кој го информирал дека мое да игра за нив бидејќи неговиот татко има српски пасош.