Top Sport

Капитенот на Палермо во принудна пензија на 27 години

Капитенот на Палермо, Алесандро Мартинели е приморан да стави крај на својата фудбалска кариера на само 27 години поради проблеми со срцето.

„Медицинските тестови на Алесандро Мартинели во последните неколку недели покажаа дека е невозможно да продолжи со кариерата. Сите во Палермо жалат за нашиот капитен, кој беше еден од клучните луѓе во преродбата на ’росанеро’, на теренот и надвор од него. Му благодариме за сѐ“, се вели во соопштението на клубот од Сицилија.

Поранешниот клуб на македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски, банкротираше во 2018 година и мораше да стартува во аматерската Серија Д, пред минатата сезона да обезбеди пласман во Серија Ц. Мартинели играше за Сампдорија, Венеција, Модена и Бреша пред минатата година да пристигне во Палермо.

Scroll to Top