Top Sport

Капитенот на Рајо Ваљекано суспендиран до крајот на сезоната

Капитенот на Рајо Ваљекано, Иси Палазон, поради суспензија нема да игра до крајот на сезоната во Ла Лига.

Рајо Ваљекано и Реал Сосиедад ремизираа 3:3, во спектакуларен меч, одигран во неделата. Страстите кулминираа во судиското надополнување, Рајо изедначи во 92-та минута, а во 102-та домашните бараа, но не добија пенал.

Иси Палазон, кој го напушти теренот во 68-та минута, поради бурни протести од клупата доби црвен картон.

Судијата на натпреварот, Хозе Луис Гузман Манчиља, напишал дека добил навреди и закани.

„Тој влезе на теренот протестирајќи против мојата одлука, а кога му го покажав црвениот картон, ми се закани со прст и рече: „Ти си глупак!““, се вели во записникот по натпреварот, пренесува мадридската „Марка“.

Дисциплинската комисија строго го казни казни капитенот на Рајо, нема да може да игра на следните седум натпревари.

Рајо Ваљекано поднесе жалба против оваа одлука, но беше одбиена. Бидејќи до крајот на сезоната остануваат само пет кола, Иси Палазон нема да игра до крајот на првенството.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');