Дисциплинската комисија при Серија А ги казнила тренерот на Џенова Тијаго Мота и капитенот Горан Пандев.
Џенова, во средата, беа поразени кај Јувентус 2.1. Јувентус голот за победа го постигнаа во 95 минута од сомнителен пенал.
Разбирливи беа протестите на фудбалерите кон главниот судија Марко Гуида по завршувањето на мечот.
Бидејќи протестирал кај судијата Пандев е казнет парично со 1.500 евра, додека неговиот тренер мина полошо, тој добил суспензија од два натпревари.