Top Sport

Капитенот Ворд-Прауз доби дозвола да замине од Саутемптон ако испаднат од Премиерлигата

Капитенот на Саутемптон, Џејмс Ворд-Прауз добил дозвола да замине од „Сент Мерис“ ова лето доколку клубот не успее да опстане во Премирлиата, тврдат британските медиуми.

Ворд-Прауз цела кариера ја помина во Саутемптон, но за него постои интерес од Њукасл, Тотенхем и Вест хем. Саутемптон се на последното место на табелата во Премиерлигата со четири поени зад безбедната зона на само седум меча до крајот на сезоната, а во следното коло играат со лидерите Арсенал.

28-годишниот Ворд-Прауз, кој има 11 настапи за англиската репрезентација, доби репутација на еден од најдобрите изведувачи на слободни удари на денешницата. Тој има 402 настапи за Саутемптон со 53 гола.

Scroll to Top