Капитенската лента која ја фрли Кристијано Роналдо во Белград, кога демонстративно го напушти теренот, се наоѓа на хуманитарна аукција, во организација на фондацијата „Заедно за живот“. Парите ќе одат во фондот за лекување на шестмесечниот Гаврило од Крагуевац, кој боледува од спирална мускулна атрофија. За неговото лекување се потреби 2.500.000 евра.
Еден од работниците на стадионот „Рајко Митиќ“, ја собрал капитенската лента која ја фрли Роналдо и решил истата да ја донира за да биде покрената аукција која може да одекне меѓу колекционерите.
Аукцијата ќе трае во наредните три дена, капитенската лента ќе биде достапна на овој линк, а оној што ќе ја понуди најголемата сума, ќе добие парче од фудбалската историја.