Top Sport

Карагер: Јунајтед ќе бидат луди ако не го „украдат“ Тухел од Челси

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега ТВ-коментатор, Џејми Карегер смета дека Манчестер јунајтед мораат да ја искористат кризата во Челси да го привлечат Томас Тухел да премине на „Олд Трафорд“ како нов постојан менаџер на клубот.

По санкциите кои ги доби Роман Абрамович, тој не може да го продаде клубот, а во исто време Челси има ограничен буџет за патувања, не смее да продава дресови и на „Стемфорд Бриџ“ ќе биде дозволен влез само на тие кои имаат сезонски лиценци. Поради статусот на „значајно културно наследство“, Челси ќе смее да игра. Во својата колумна за „Дејли телеграф“, Карагер вели дека ситуацијата мора да ја искористат на северот на Англија.

„Манчестер јунајтед добија идеална можност да го добијат менаџерот кој треба да им биде прва цел – Томас Тухел. По случувањата во Челси, одлуката Јунајтед да чекаат до крајот на сезоната им донесе неочекувана шанса да добијат еден од најдобрите менаџери на светот, актуелниот најдобар тренер според ФИФА. Тухел, како сите во Челси не знаат што носи иднината и никој не може да работи под такви услови. Ако добие шанса во Јунајтед, мора да ја прифати, бидејќи таму ќе има огромна стабилност. Можеби ќе изгледа како лешинарски потег, но од перспективата на Јунајтед е совршено логичен“, вели Карагер.

Scroll to Top