Џејми Карагер смета дека во кариерата ќе ја освоил и Премиерлигата доколку Ливерпул не потпишале со тројца „катастрофални“ засилувања. 43-годишниот Карагер цела кариера ја помина во Ливерпул, со кои освои трофеј од ЛШ, УЕФА куп, два ФА купа и три Лига купови, но по 737 настапи не успеа да ја освои и Премиерлигата, пензионирајќи се во 2013.
Ливерпул беа најблиску до титулата во 2001/02, кога завршија со седум поени заостанување зад Арсенал, но под водство на Жерар Улие и покрај скапите засилувања, паднаа на петтото место на табелата следната сезона. Тие тогаш ги донесоа Ел Хаџи Диуф од Ленс, Салиф Диао од Седан и Бруно Шејру од Лил и Карагер смета дека тоа било грешка.
„Добро е документирано дека не освоивме лигашка титула додека бев во клубот, но мислам дека многу менаџери ќе посочат на тоа дека е ги донесовме вистинските засилувања. Со Жерар Улие и Рафа Бенитез бевме блиску. По СП во 2002 донесовме тројца фудбалери кои беа катастрофални и тргнавме назад. Истото беше и во 2009 со Бенитез, победивме на ‘Олд Трафорд’ 4:1, бевме блиску до Јунајтед и бевме втори, а потоа летото го загубивме Чаби Алонсо, а ги донесовме Алберто Аквилани и Глен Џонсон“, вели Карагер.