Поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми карагер, му се извинил на Патрис Евра поради одлуката на клубот во 2011 година да излезат на теренот со маички во знак на поддршка за Луис Суарез. Уругваецот тогаш доби суспензија бидејќи на расна основа го навредил Евра.
Големо влијание во 2011 година привлече инцидентот што го предизвика Луис Суарез, тогаш играч на Ливерпул. Во пресметката помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед тој го навредил Патрис Евра. Две-месечната истрага што ја спроведе ФА заврши со одлуката Суарез да добие осум натпревари суспензија.
Наредниот ден играчите на Ливерпул на натпревар излегле со маички на кои пишувало „Луис Суарез 7“ во знак на поддршка на соиграчот.
Осум години подоцна Карагер признал дека тоа била грешка на клубот.
„Јасно е дека тоа беше погрешно. Дојдовме на тренинг, потоа ручавме, па имавме состанок. Не знам дали Кени Далглиш или Стив Кларк праша некој од играчите дали се уште ја има маичката. Тогаш прв пат слушнав за тоа. Немој да ме разберете погрешно, не го зборувам ова за да испадне дека јас немам врска со целата ситуација бидејќи тогаш бев заменик капитен. Не сум сигурен кој стои позади таа идеја. Сепак мислам дека Кени немаше врска со таа одлука. Мислам дека тргна од фудбалерите што беа блиски со Суарез“, рекол Карагер.
„Гледано од оваа дистанца можеби требаше да го кренам гласот и да кажам дека не сакам да ја носам таа маичка. Мислам дека не беа сите убедени дека ја правиме вистинската работа, но клубот е како семејство, секогаш првата реакција е да го поддржиш играчот и кога знаеш дека згрешил, а тоа тогаш беше погрешно“, заклучил Карагер.