Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер го обвини Мохамед Салах дека бил „себичен и алчен“ во тесната 2:1 победа над Фулам и му порача дека треба да престане да се обидува да направи сѐ сам.
Египќанецот повторно не успеа да постигне гол во Премиер лигата, со што неговата низа без гол се протега на 7 натпревари, најмногу откако тој е фудбалер на Ливерпул, што значи дека тој останува на еден гол од јубилејот од 50 погодоци.
„Тој беше себичен и алчен, тука нема сомнеж. Неговите успеси со Ливерпул се фантастични, тој постигнува и креира голови и никој не е вклучен во повеќе голови оваа сезона. Но, два три пати досега е јасно дека треба да ја крене главата и да види што се случува околу него“, вели Карагер.