Поранешниот англиски репрезентативец Џејми Карагер, кој сега работи како стручен коментатор на „Скај спорт“, не ги штедел критиките за Маурицио Сари, по вчерашниот дебакл на Челси во дуелот со Манчестер сити (6:0).
Манчестер сити ја демонстрираа својата моќ против „сините“ откако во првите 25 минути постигнаа четири гола. На крајот Агуеро мечот го заврши со хет-трик, Стерлинг постигна два, а Гундоган еден гол.
„Сити одиграа исклучително добро, но ова беше најлошото издание на Челси од почетокот на сезоната. Пола сезона е Сари во Челси, а најлошото што можам да го кажам…мислам дека Челси го направи како Арсенал. Тимот на Арсенал кој во последните седум-осум години на гостински терен често добиваше лекции. Тоа за Челси во минатата не можете да го кажете, но ова ми наликува на лош тим. Маркос Алонсо кај првиот гол беше катастрофален, беше опуштен, а се играше само третата минута. Воопшто не ја следеше играта“, рекол Карагер.