Кепа Аризабалага минува низ најтешкиот период во кариерата. Голманот за кого Челси во 2018 година платија 80.000.000 евра беше виновникот за вториот гол на дербито против Ливерпул.
Ливерпул вчера победија на „Стенфорд Бирџ“ со 2:0. Двата гола ги постигна Садио Мане во 50 и 54 минута. Првиот гол беше плод на одличната тимска акција на фудбалерите на Ливерпул, а вториот резултат на грешката на голманот Кепа.
„Фудбалерите минуваат низ лоши периоди, Кепа се наоѓа во една таква фаза. Искрено мене ми е жал за тоа момче, бидејќи минува низ кошмарен период“, рекол во студиото на „Скај Спорт“ поранешниот играч на Ливерпул Џејми Карагер.
„Во модерниот фудбал не можете да имате играчи кои се шлепаат врз трудот на другите. Поради тоа Челси купија лев бек, централен дефанзивец и сега бараат нов голман“, се надоврзал исто така екс-фудбалерот на „црвените“ Џејми Реднап.