Top Sport

Карантинот е проблем за Азар

Еден Азар нема по добро да се сеќава на својата прва сезона во дресот на Реал Мадрид. Белгиецот, во летниот преоден рок, за сума од 100 милиони евра од Челси се пресели во Мадрид, меѓутоа повредите го спречија да го покаже својот потенцијал.

Азар на почетокот на својата кариера во Реал имаше проблем со вишокот килограми, му требаше време да ја намали тежината, а со истиот проблем се соочува е додека е во карантин.

Признал дека се обидува да ја избегнува храната која обожува да ја консумира.

„Комплицираное е сето тоа. Се обидувам да не јадам многу. Избегнувам да го консумирам она што ме дебелее, а таа храна најмногу ја сакам. Навистина не е лесно да се издржи, но го давам максимумот“, порачал Азар.

Еден Азар сезонава за Реал има одиграно само десет натпревари.

Scroll to Top