Белгискиот репрезентативец Јаник Фереира Караско добил дозвола од тренерот Диего Симеоне во зимскиот преоден рок да го напушти Атлетико.
Караско добил дозвола да замине бидејќи Атлетико од 1.јануари ќе биде посилен за Витоло и Диего Коста. Витоло ќе го засили средниот ред, а Диего Коста ќе игра во форот што значи дека Гризман ќе добие поинаква улога, односно ќе игра зад Бразилецот.
Караско во Атлетико пристигна во јуни 2015 година од Монако. Тој има постигнато 22 гола, од кои најзначаен е оној во финалето во Лигата на шампионите во 2016 година.
Интерес за Караско покажуваат минхенски Баерн и неколку англиски тимови.