Top Sport

Кардона се извини за „искривените очи“

Иако тврдеше дека неговите постапки не биле навредливи, Колумбиецот Едвин Кардона се извини за навредата кон „спектакуларните“ Јужнокорејци по саботниот контроверзен потег.

Кардона, кој настапува за Бока јуниорс, при поразот од 2:1 од Јужна Кореја во Сувон ги „искриви очите“ при една расправија со противниците, што беше сфатено навредливо во азиската земја. Колумбиецот, едноставно, мораше да се извини.

„Не мислев да покажам непочитување кон никого, но ако некој се почувствувал навреден или така го протолкувал мојот гест, се извинувам. Благодарен сум до корејскиот народ, кој беше спектакуларен со нас досега. Не сум агресивна личност и жал ми е за тоа што се случи“, изјави тој во видео објавена од колумбискиот национален тим.

Плејмејкерот на Бока може да добие суспензија од пет меча доколку ФИФА реши дека се однесувал расистички. Претходно минатата недела, Кардона го постигна првиот гол за Бока јуниорс во Суперкласико против Ривер Плејт, пред да биде исклучен поради удар со лакт над Енцо Перез.

Колумбиецот Кардона ги разбесни Корејците

„Жешкото“ Суперкласико за Бока

Scroll to Top