Поранешниот француски репрезентативец Кристијан Карембе во интервју за „Франс фудбал“ открива дека од сите негови поранешни соиграчи од Реал Мадрид, најмногу го сакал Фернандо Редондо.
Според Карембе, Аргентинецот бил „комплетен фудбалер“ со кого имаше чест даго дели теренот во две сезони на „Бернабеу“.
„Сите од тогашниот тим оставија впечаток на мене. Веќе играв против Пеѓа Мијатовиќ, но друго беше кога бевме соиграчи. Го познавав и Кларенс Сидорф, како и Давор Шукер, но и другите како Кристијан Панучи и Роберто Карлос. Редондо ми беше идол кога го гледав како игра и на крајот ми беше соиграч. Кога ќе помислам на тој гол против Манчестер јунајтед… Неверојатно. Тој имаше сè. Неговата појава, неговиот стил на облекување, стилот на теренот и надвор од него. Навистина му се восхитував како фудбалер“, вели Карембе.