Top Sport

Кариус најде оправдување за киксовите – рефлекторите го заслепувале!

Фудбалскиот голман Лорис Кариус е еден од најголемите киксери во модерниот фудбал.

Германскиот чувар на мрежата стана планетарно популарен по своите грешки во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година кога неговиот Ливерпул загуби од Реал Мадрид со 3-1.

Истата година, по завршувањето на сезоната менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп го испрати на позајмица во Бешикташ.

Клубот од Истанбул наводно не сака да го задржи токму поради тоа што тој продолжи со киксовите. Но Кариус за тоа најде оправдување.

Турски „Фотоспор“ пренесува дел од интервјуто на голманот во кое тој признава дека во текот на натпреварите на турските стадиони му пречат и ферлекторите. Кариус вели дека рефлекторите, односно нивната силна светлина го заслепуваат и му ја нарушуваат концентрацијата.

Иако многу често е изложен на критики, Кариус и понатаму е прв голман во Бешикташ. Екипата моментно е четврта на табелата во Турција, но „црно-белите“ на 24 меча досега имаат примено 31 гол.

Scroll to Top