Откако едната лоша вечер во Киев му ја „упропасти“ кариерата, германскиот голман Лорис Кариус признава дека згрешил што минатата сезона ја поминал на позајмица во Унион Берлин, посочувајќи дека требало да се бори за место во тимот на Ливерпул.
28-годишниот Кариус беше „жртвата“ на поразот на Ливерпул од Реал Мадрид во финалето на ЛШ во 2018 година, дозволувајќи два гола за 3:1 поразот, и потоа беше пратен на позајмица во Бешикташ, па во Унион Берлин, но сега се враќа на „Енфилд“ со уште една година од неговиот договор.
„Кога дојдов во Унион ми кажаа дека ќе играм, но на крајот на сезоната се ракувавме и си тргнавме по својот пат. Сите ми кажаа дека ќе бидам важен во клубот и дека им е жал како се одвиваа работите, но односот кон мене не беше фер. Сега, на 12 јули се враќам во Ливерпул, а преодниот рок ќе почне подоцна поради Европското првенство. Сакам да се докажа и многу сум мотивирам. Лани да не заминев ќе бев на голот на Ливерпул поради повредите на нивните голмани. Но, не сакам да зависам од тоа, сакам да направам вистинска одлука“, вели Кариус.