Фудбалскиот клуб Бенфика објави дека напаѓачот Карлос Винисиус оваа сезона ќе ја мине на позајмица во Тотенхем. Клубот од Лондон за Винусису ќе издвои 3.000.000 евра, а по завршувањето на сезоната ќе може да го откупи неговиот договор за 45.000.000 евра.
Винисиус во Тотенхем ќе му биде замена на Хари Кејн. Тотенхем немаат алтернатива за Кејн од минатото лето кога од клубот си замина Фернандо Љоренте.
Карлос Винисисус минатата сезона настапи на 32 натпревари за Бенфика, постигна 18 голови.