Top Sport

Карлос за „Фудбал за пријателство“: Ние немавме можности како оваа, вие треба да ја искористите

Во Мадрид се одржа и форумот од проектот „Фудбал за пријателство“. Се обратија високи претставници на компанијата „Гаспром“ која ги организира настаните, но и видни личности од светот на фудбалот. Пред присутните, се обрати и бразилскиот фудбалер Роберто Карлос, кој го сподели своето искуство пред младите фудбалери и новинари.

„Би сакал да почнам со благодарност до Газпром што ми овозможија да учествувам на овој прекрасен настан. Кога бев многу мал, во мое време, немавме многу можности да станеме фудбалери или новинари, а сега благодарение на Гаспром имате можности да ги вежбате двете нешта и тоа е одлично. Реченицата “Фудбал за пријателство” е многу влијателна, многу релевантна. Се надевам ќе уживате во форумот и ќе научите колку што можете за време на форумот. Исто така, сакам да им посакам среќа на нашите колеги од фудбалскиот клуб Барселона, бидејќи, “Фудбал за пријателство” е всушност тоа. Се разбира, сите ние сме водени од возбудата на фудбалските мечеви, но истовремено мораме да го направиме тоа со многу голема почит и пријателство. Па, би сакал да им посакам многу среќа на нашите најбитни ривали од фудбалскиот клуб Барселона и Ви посакувам на сите одличен ден, одлична форма, многу продуктивност, преку која ќе можете да постигнете најмногу​“, рече Карлос.

Седмата сезона на програмата беше единствена по својата големина, бидејќи оваа година учествуваа 211 земји и региони од целиот свет, претставувајќи ги шестте континенти: Европа, Азија, Африка, Австралија и Океанија, Северна Америка и Јужна Америка. На Форумот учествуваа вкупно 1.500 деца придружувани од возрасни лица. Вкупниот број на учесници и гости достигна преку 5.000 присутни. Сите деца – учесници беа обединети со една единствена заедничка мисија: промовирање на човековите вредности: пријателство, еднаквост, праведност, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест.

Од Мадрид за Топспорт, Кристијан Ландов

Scroll to Top