Top Sport

Карпин го исфрли Ѕјуба од руската репрезентација

Новиот руски селектор Валериј Карпин потврди дека нема да го повика капитенот Артем Ѕјуба за квалификациските мечеви за Светското првенство во 2022, еден де откако и Зенит Санкт Петерсбург не го поставија во својот тим по шпекулациите за трансфер во Фенербахче.

Ѕјуба, кој има 55 настапи за Русија, беше капитен под претходниот селектор Станислав Черчесов, но Карпин се сомнева во формата на ветеранот, а од тимот го исклучи и напаѓачот на Спартак Москва, Александер Собољев поради истата причина.

„Собољев и Ѕјуба не се во својата најдобра форма поради различни причини. Артем не е ниту во стартниот тим на Зенит, а Собољев не игра воопшто. Да играш за репрезентацијата мора да играш за својот клуб“, изјави Карпин откако ги избра Смолов, Заболотњи и Тјукавин во нападот.

Scroll to Top