Top Sport

Карвахал: Ливерпул е како Ф1 болид

Менаџерот на Свонси, Карлос Кавахал. на интересен начин ја прокоментирал синиќешната сензационална победа на неговиот тим над Ливерпул (1:0).

Последнопласираниот тим во Премиер лигата не со блескава игра, туку со гранитна одбрана во која учествуваа сите играчи.

„Им кажав на моите играчи дека Ливерпул е врвен тим, дека се силни, но и дека се како болид на Формула 1. Доколку болид на Формула 1 ставите во градскиот метеж на Лондон тој нема да може да се движи брзо“, рекол Карвахал.

„Тоа е она што им го кажав на моите играчи, да ја умртват играта, да не дозволат Ливерпул да го наметне својот стил. Имавме среќа што постигнавме гол и потоа што издржавме до крајот. Ова навистина не е начин на кој ние сакаме да играме, но беше добар избор за ово меч против исклучително силен тим. Моите играчи беа гладијатори и на крајот извојуваа победа“, завршил Карвахал.

Scroll to Top