Top Sport

Карваљал: Мурињо oбожава да се „тепа“ со некого

Жозе Мурињо е многу добар кога се „бори“ вели неговиот португалски сонародник, тренерот на Свонси, Карлос Карваљал, кој не е загрижен од конфликтите во Манчестер јунајтед.

Мурињо е во конфликт со Пол Погба (за кого постојат шпекулации дека и ќе биде продаден) и со Лук Шо, и ова не е првпат тренерот на Јунајтед јавно да ја критикува вредноста на своите играчи, но Карваљал не е загрижен.

Тој вели дека Мурињо ужива во „менталитетот на опсада“, а неговите резултати покажуваат дека е најопасен кога пред себе има предизвик.

„Ми се допаѓа Мурињо и тој го знае тоа. Го проучував како работи. Поминав една недела во Манчестер јунајтед кога Алекс Фергусон беше таму и потоа една недела во Челси, кога Мурињо работеше таму. Бев и во Реал Мадрид, бидејќи сакам да учам од најдобрите. Жозе има огромна самодоверба, како мене и тоа е неопходно во модерниот фудбал. Но, личностите ни се различни. Тој сака конфронтација, сака да се бори со луѓето и многу е добар во тоа. Не е за потценување“, вели Карваљал.

Карваљал ќе се „судри“ со Мурињо веќе на 31 март.

Scroll to Top