Top Sport

Карваљо: Мурињо е истиот, но сега фудбалерите имаат повеќе моќ

Поранешниот португалски фудбалер Рикардо Карваљо, кој сега е помошник-тренер на Андре Вилаш-Боаш во Марсеј вели дека неговиот поранешен тренер Жозе Мурињо ќе ја врати репутацијата на еден од најдобрит тренери на светот, но дека се наоѓа во незавидна позиција поради тоа што денеска фудбалерите имаат повеќе моќ.

Поранешниот централен бек работеше со сегашниот тренер на Тотенхем, Мурињо во Челси и во Реал Мадрид, и вели дека сега тој мора да прифати дека гласот на фудбалерите се слуша повеќе во моментов.

„Не се согласувам дека тој одеднаш ги загубил своите квалитети. Мислам дека сега фудбалот е многу поинаков. Фудбалерите се променија и сега имаат многу повеќе влијание во своите клубови. Мурињо мора да го прифати тоа. Понекогаш проблемите настануваат кога фудбалерите не прифаќаат кој и каков е тој, и не сфаќаат дека тоа е така бидејќи тој сака да победува и да освојува трофеи. Мораш да прифатиш како работи тој, бидејќи беше успешен насекаде“, вели Карваљо за „Дејли мејл“.

Scroll to Top