Top Sport

Касано: Анчелоти имаше многу среќа против Челси и ПСЖ

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Антонио Касано нема високо мислење за својот италијански сонародник, тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти велејќи дека тој имал многу среќа во дуелите со Пари Сен-Жермен и Челси и додава дека не се сеќава дека некој фудбалер се „развил“ под негово водство.

Анчелоти стана единствениот тренер кој се квалификувал за полуфинале во Лигата на шампионите во четири различни децении и го држи рекордот за најмногу победиво натпреварувањето како тренер – три колку што има и легендата на Ливерпул, Боб Пејзли и неговиот поранешен помошник, Зинедин Зидан.

Реал во драматични мечеви успеа да ги елиминира и ПСЖ и Челси и сега им следуваа полуфинале против Манчестер сити на Пеп Гвардиола.

„Реал играа лошо против Челси и ПСЖ, Анчелоти имаше многу, многу среќа. Но, среќата ќе се потроши евентуално. Реал не играат добро во Ла лига, и имаат среќа што Барселона имаше лош старт. Да, под Анчелоти фудбалерите се чувствуваат добро, но не се сеќавам на фубалер кој се развил под негово водство“, вели Касано, кој играше година и пол во дресот на „кралевите“, но имаше само 4 гола во 29 настапи.

Scroll to Top