Поранешниот италијански репрезентативец, Антони Касано, жестокот ја критикувал трансфер-политиката на Барселона. Во разговор, со својот поранешен соиграч Кристијан Виери, Касано говорел за огромните долгови кои се резултат на лошата трансфер-политика на претходното раковдство, а не можел да не ги спомне Лионел Меси и Луис Суарез.
„Велта дека (Суарез) е стар? Сметам дека е глупаво што го пуштија да замине. Па тој постигнал 350 гола за шест години, не разбирам зошто го отфрлија. И после ќе мора Антоан Гризман да им игра централен напаѓач“, рекол Касано.
Смета дека барањето на Меси да го напушти клубот, најдобро го отсликува проблемите со кои е соочен клубот
„Ако мене ме прашувате Меси е пред Марадона. Погледнете го бројот на постигнати голови…Се согласувам дека Меси секогаш имал крај себе одлични напаѓачи, но во Аргентина никогаш немал добри голмани и дефанзивци“, истакнал поранешниот играч на Бари, Рома, Реал Мадрид, Интер, Сампдорија.