Top Sport

Касано: Да бев во Интер, ќе го молев претседателот да го отпушти Конте

Иако Интер се на чекор до титулата од Серија А и фановите на „нераѕурите“ се презадоволни од работата која ја заврши Антонио Конте, познатиот фан на клубот, Антонио Касано вели дека неговиот тип на фудбал го „ежи“ и дека доколку бил во клубот ќе го молел да му даде отказ.

„Интер ќе го освојат скудетото, бидејќи единствен начин на кој можат да го загубат сега е да го фрлат низ прозорец. Но, ќе го кажам ова со тешко срце – играат ужасен фудбал. Кого би донеле за да станат подобри? Конте не сака вистински шампиони. Ајакс играа со дефанзива со тројца фудбалери под Луис ван Гал, но Конте игра со 5-3-2 со сите зад топката, бранејќи го голот. Паркирај го автобусот и не додавај. Таков фудбал ме ежи, тоа е страшно. Да имав ваков тренер, ќе отидев директно кај претседателот и ќе го молев да му даде отказ“, вели Касано.

Scroll to Top