Top Sport

Касано има идеја за карантинот: Гледајте филмови и правете деца!

Коронавирусот зема се поголеми размери во светот, а секако најзагрозено подрачје е Италија, каде бројот на новозаразени и починати од опасниот вирус расте од ден на ден.

По повод на целата ситуација на „Чизмата“, се огласи контроверзниот екс-фудбалер, Антонио Касано кој беше многу суров кон своите сограѓани кои не ги почитуваат препораките од страна на италијанската Влада.

„Ако продолжувате да излегувате, ќе бидеме овде се до 2040 година. Останете дома. Гледајте филмови и правете деца“ – рече Касано.

Scroll to Top