Top Sport

Касано искрен: Не сум несфатен гениј, туку пропаднат талент

Антонио Касано во интересно интервју за „Скај спорт Италија“, зборува за своите судири со Фабио Капело и со шефовите во Реал Мадрид, признавајќи дека во неговата кариера пропуштил премногу шанси и го „уништил“ сопствениот талент.

„Јас сум најголемиот талент кој фрли сè во вода во својата кариера. Една работа е да сакаш да смениш клуб, друго е да не сакаш да тренираш, да ги навредуваш сите и да се караш од утро до вечер. Приказната за ’лудиот гениј кој ги прекршува правилата’ не можеш да ја раскажуваш секогаш и јас навистина пречесто ја поминував линијата на нормално однесување. Но, децата те менуваат. Среќа што немав деца кога имав 20 години, бидејќи ќе ги научев погрешни лекции. Сега сум подобар човек и тоа благодарение на мојата сопруга“, вели популарниот „Фантонио“.

Касано првпат стана познат како фудбалер на Бари, пред да биде партнер со Франческо Тоти во Рома и да направи голем трансфер во Реал Мадрид во јануари 2006 година.

„Најмногу жалам што не ја искористив можноста да играм во најголемиот клуб во историјата на 23 години, со соиграчи како Зинедин Зидан и Роналдо. Пропуштив огромна шанса во Мадрид, каде што требаше да ги заменам Луиш Фиго и Мајкл Овен, но правев катастрофа по катастрофа. Капело пристигна во Реал, а јас ослабев 16 килограми на тренинг, постигнав да гола во три меча, за тој да ме стави на клупата во четвртиот меч. Го загубив умот, а кога не го почитуваш Капело, тој те исклучува. Сепак, тој ми даде уште една шанса, но јас не му вратив со убаво“, додава 37-годишниот Касано.

Scroll to Top