Top Sport

Касано: Слушнав лоши работи за Покетино

Маурисио Покетино го презеде ПСЖ на почетокот на годинава, но клубот не успеа минатата сезона да стане шампион на Франција.

За новата сезона ги доби Ашраф Хакими, Лионел Меси, Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума и Жоржињо Вајналдум, па сега од Аргентинецот се очекуваат сите трофеи.

Поранешниот италијански фудбалер, Антонио Касано смета дека Покетино наскоро ќе добие отказ.

„Краток ќе е векот на Покетино во ПСЖ. Слушнав лоши работи за него. Тој е сјаен тип, но како тренер ниту минута не работеше на тактиката. Тој од играчите бара совет како да играат. Не можам да верувам. Никогаш не трениралн шампиони. Внимавајте на Зидан“ рече Касано.

Италијанецот смета дека токму Зизу може да е новото тренерско решение за „Светците“.

Покетино ПСЖ го водеше на 46 меча. Има 33 победи, 4 нерешени и 9 порази.

Scroll to Top