Антонио Касано влезе во остар напад на првите луѓе на Рома околу капитенот Даниеле де Роси, кој потврди дека заминува од клубот откако не му беше понуден нов договор.
Де Роси, кој е роден во Рим и е во клубот од својата 10-та година, е икона на навивачите од италијанската престолнина и Касано вели дека најдговорни за ова се претседателот Џејмс Палота и неговиот консултант Франко Балдини.
„Балдини и Палота повторно ја уништија работата. По Франческо Тоти и конфликтите со него, го направија истото со Даниеле. Зарем не сфаќаат дека тие не се Рома, туку тоа се Тоти и Де Роси? Се надевам дека ќе го продадат клубот, бидејќи заслужуваат нешто повеќе. На Даниеле му советувам да не се пензионира бидејќи може да игра до 45 години“, вели Касано.