Top Sport

Касано во болница откако му се влошила состојбата

Поранешниот напаѓач на Интер, Милан, Рома и Реал Мадрид, Антонио Касано е хоспитализиран поради компликациите кои ги добил од КОВИД-19, објавија италијанските медуми.

Неговата сопруга, Каролина Марчијалис потврди преку социјалните мрежи дека Касано бил позитивен на КОВИД-19 за време на божиќните празници, и се самоизолирал во својот дом, пред неговата состојба да се влоши во последните неколку дена и тој да биде примен во болницата „Сан Мартино“ во Џенова.

Сопругата исто така демантира дека 39-годишниот Касано не бил вакциниран, објавувајќи дека тој добил две дози.

Scroll to Top