Икер Касилјас, голманската легенда на Шпанија, со емотивна порака го испрати во пензија некогашниот големи ривал Виктор Валдес.
Валдес, иако минатото лето остана без ангажман, на ја спомна опцијата дека ќе стави крај на кариерата. Но, на 1 јануари без претходна најава на социјалните мрежи објави дека става крај на успешната кариера, а потоа ги избриша својот налог на „Инстаграм“ и „Твитер“.
Неколку дена подоцна Икер Касилјас со емотивна порака го испрати човекот кој додека беа ривали, му ги собираше трофеите, но не успеа да му го земе местото во националниот тим.
„Не е потребно да се гледа во твојата колекција на трофеи за да знаеме колку беше голем. Виктор, среќно во новата животна етапа!“
No hace falta ver tu palmares para saber lo grande que has sido. Suerte en tu nueva etapa Víctor!? https://t.co/94xGIuuprs
— Iker Casillas (@IkerCasillas) January 4, 2018
Додека беа ривали како голмани на Барселона и Реал, Виктор Валдес освои шест титули во шпанското првенство, три во Лигата на шампионите, а пет сезони во Ла Лига беше голман што примал најмалку голови. Касилјас, од друга страна, една сезона беше голманот со најмалку примени голови во Ла Лига и освои три титули во првенството и една во Лигата на шампионите.
Но, Касилјас беше неприкосновен број 1 во репрезентацијата за која одигра 167 натпревари и освои две европски и една светска титула. За разлика од него, Валдес во пензија замина со само 20 натпревари во дресот на националниот тим, не беше во тимот кој стана европски првак во 2008 година, а на мундијалот во 2010 и Европското првенство во 2012 година, каде што победи Шпанија, беше само трет голман на „црвената фурија“.