Top Sport

Касилјас објаснува: Нема логика Роналдо да ја освои Златната топка!

Голманот на Порто, екс-шпанскиот репрезентативец, Икер Касилјас на Твитер порача дека Кристијано Роналдо нема логика повторно да ја освои Златната топка на „Франс Фудбал“.

Легендарниот голман кој најголемиот дел од кариерата го помина на голот на Реал Мадрид е сигурен дека наградата ќе отиде во други раце.

„Ван Дајк е избран од УЕФА за најдобар играч, Меси беше избран од ФИФА, па ако Роналдо ја добие Златната топка, ми се чини дека упатствата што ги користиме во фудбалот за да одредиме кој ќе ги освои награди немаат многу логика“ – пишува голманот.

Добитникот на наградата на УЕФА го одбираат 53 спортски новинари, а кога станува збор за наградата на ФИФА, тука одлучуваат капитените и селектортите на селекциите.

Победникот на наградата Златна топка ќе го изберат 193 спортски новинари.

Scroll to Top