Top Sport

Касилјас: Облак најдобро го брани својот гол

Икер Касилјас е легенда на светскиот фудбал. Еден од најдобрите во историјата и човек што успеал да ги собере сите можни трофеи во клупскиот и репрезентативниот фудбал.

Касилјас, пред неколку месеци, како играч на Порто, ја заврши кариерата поради проблеми со срцето.

Долго време најдобар, во различни фази од својата кариера имал можност да се натпреварува со други врвни голмани.

Поради долгиот стаж и педигрето што го има неговиот збор секогаш се почитува. На „Твитер“ Шпанецот одговарал на прашања на фановите, а едно се однесувало и на дилемата кој најдобро го брани својот гол.

„Тоа е прашање од милион долари. Ако морам да изберам некого тогаш тоа ќе биде Јан Облак“, одговорил Касилјас.

Облак неколку сезони е столбот на Атлетико Мадрид. Последните три сезони го добија трофејот „Замора“, што Ла Лига му го доделува на голманот што примил најмалку голови во Ла Лига.

Scroll to Top