Top Sport

Касиљас во јануари заминува во Њукасл?

Шпанската „Марка“ вели дека Рафа Бенитез сака да му помогне на ветеранот на голот на Порто, Икер Касиљас и да го донесе во Премиер лигата во јануари.

Касиљас е сè поблиску до заминување од Порто, откако го загуби местото во првиот тим од тренерот Сержо Консеисао по поразот од Лајпциг во Лигата на шампионтие во октомври, од кога има само еден настап за португалскиот шампион.

Сега, како замена на Жозе Са, трпението на ветеранот на Реал Мадрид е при крај. Бенитез би му дал шанса на 36-годишниот ветеран во премиерлигашот, каде што во моментов прв голман е Ирецот Роб Елиот.

Ако се случи трансферот на „Сент Џејмс Парк“, Касиљас би се обединил со тренерот со кој кратко соработуваше во Реал Мадрид, откако замина во Порто само еден месец од пристигнувањето на Бенитез во јуни 2015 година.

Scroll to Top