Top Sport

Касиљас со „Златното стапало“

Легендата на Реал Мадрид, а во моментов голман на Порто, Икер Касиљас ги победи Кристијано Роналдо и Лионел Меси да ја добие престижната награда „Златно стапало“.

Шпанецот беше најдобар од потесниот избор на 10 фудбалери над 28 години кои претходно не ја освоиле наградата.  Победникот има чест да ги остави своите отпечатоци на „Шампионската променада“ во Монако.

36-годишниот Касиљас во изборот ги победи Мануел Нојер, Серхио Рамос, Арјен Робен, Тијаго Силва, Луис Суарез, Јаја Туре и Андреа Пирло. Во својата долга кариера, Касилјас освои 13 титули, вклучувајќи пет лигашки трофеи, три од Лигата на шампионите и едно Светско првенство со Шпанија.

„Би сакал да продолжам со фудбалот што е можно подолго, но и кога ќе ги оставам ракавиците ќе мора да биде нешто поврзано со спортот“, изјави Касиљас.

Поранешни освојувачи на наградата се Роберто Баџо (2003), Павел Недвед (2004), Андриј Шевченко (2005), Роналдо (2006), Алесандро дел Пјеро (2007), Роберто Карлос (2008), Роналдињо (2009), Франческо Тоти (2010), Рајан Гигс (2011), Златан Ибрахимовиќ (2012), Дидие Дрогба (2013), Андрес Иниеста (2014), Самуел Ето (2015) и Џанлуиџи Буфон (2016).

Scroll to Top