Top Sport

Каталонците тврдат, Реал има голема помош од ВАР

Каталонските медиуми се уште се занимаваат со спорните ситуации од натпреварот помеѓу Реал и Гранада. Во средата, Реал славеа со 2:0, а Каталонците сметаат дека клубот од Мадрид победил со помош на ВАР.

Тие понудиле три фотографии како доказ, дека против Реал не се судат пенали. Поради тоа Реал го нарекуваат ВАРдрид.

На првата фотографија се гледа како Касемиро влече еден од играчите на Гранада пред својот гол. На втората е играњето со рака на истиот фудбалер. Во првиот случај ВАР не се огласи, а во вториот пресуди дека немало елемети за пенал.

На третата фотографија е поздравот на претседателот на Реал, Флорентино Перез, со еден од судиите. Местото на Перез е на трибините, а не во тунелот пред почетокот на натпреварот.

Scroll to Top