Top Sport

Катарското кралско семејство сака да го преземе Арсенал?

Навивачите на Арсенал почнаа да „навиваат“ да се случи најавеното преземање на клубот од катарското кралско семејство, откако шеикот потврди дека има интерес во лондонскиот клуб, што сметаат дека е шанса да се ослободат од американското семејство Кренке.

Членот на кралското семејство на Катар, Шеикот Халифа бин Хамад Ал-Тани неодамна имаше неколку необични Твитови, кои беа протолкувани како желба за преземање на Арсенал. „Остана малку време. Седум месеци“. „Време е да се продава. Ситуацијата станува многу полоша. Лондон е црвен“, беа дел од пораките на Ал-Тани.

По ова, весникот од Кувајт „Алкабас“ објави приказна во која тврди дека Катар спортс инвестметс (QSI), компанијата која го води Пари Сен-Жермен е заинтересирана за влез во Премиер лигата, и тоа преку угледен клуб.

Scroll to Top