Top Sport

Кавани еден ден би сакал повторно да игра за Наполи

Голгетерот на Пари Сен Жермен, Единсон Кавани, еден ден би сакал да се врати во Наполи, открил неговиот менаџер Фернандо Џилемоне.

Уругваецот имаше три исклучително успешни сезони во Неапол, поради што пред да ја заврши кариерата би сакал повторно да го облече дресот на Наполи.

„Тој е многу среќен, сака да испише историја во дресот на ПСЖ, кој е во врвот на францускиот фудбал. Враќањето во Наполи? Во моментов е фокусиран на сегашниот клуб, но во неговата глава постои идеа повторно да заигра за Наполи“, изјавил Џилемоне за „Калчо Наполи 24“.

Кавани во Наполи играше во периодот 2010-2013 и на 104 натпревари постигнал 78 гола, а потоа за сума од 64 милиони евра се пресели во ПСЖ.

Scroll to Top