Top Sport

Кавани: Го сменив дресот со Салах бидејќи моите деца го обожаваат

Единсон Кавани по крајот на мечот Уругвај-Египет, кој јужноамериканската репрезентација го доби со 1:0, реши да го смени дресот со ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, кој воопшто не влезе на теренот поради повредата на рамото.

Салах би требало да биде подготвен за настап на вториот меч на Египет против Русија во вторник, а ѕвездата на ПСЖ, Кавани вели дека не можел да пропушти шанса да смени дрес со фудбалерот кој постигна 44 гола минатата сезона за Ливерпул.

„Го земав дресот за моите деца, кои го гледаат Мо како вистинска ѕвезда. Тоа ќе биде подарок за нив“, открива Кавани.

Scroll to Top