Top Sport

Кавани не можел да поверува дека во Манчестер се стемнува во 3 часот

Единсон Кавани не можел да поверува кога во Англија почнало да е стемнува по 15 часот по трансферот во Манчестер јунајтед и бил исфрустриран од втората сезона во клубот, тврди „ЕСПН“.

35-годишниот Уругваец пристигна на „Олд Трафорд“ во 2020 како слободен агент, откако поголемиот дел од професионалната кариера ја мина во Италија и Франција и му било тешко да се адаптира на англиската клима. Тој имаше одлична прва сезона во клубот, станувајќи херој на навивачите, но во втората по пристигнувањето на Кристијано Роналдо неговата минутажа беше драстично помала.

„Тој имаше добра тешка сезона за време на КОВИ-19 и покрај тоа што му беше тешко да се навикне на животот во Манчестер – не можеше да поверува дека е темно надвор во 3 часот попладне. Но, кога дојде Роналдо, знаеше дека нема да игра и сакаше во Барселона. Имаше само осум стартерски мечеви и постигна само два гола, така што никој не профитираше од неговото останување“, вели изворот за „ЕСПН“.

Крајот на престојот на „Олд Трафорд“, пак, заврши неславно – тој играше 90 минути при 1:0 поразот од Кристал палас, по што кога се сретна со навивачите на Јунајтед пред тимскиот автобус им покажа среден прст.

Scroll to Top