Пари Сен-Жермен е многу поголем клуб од Нејмар, Килијан Мбапе и Единсон Кавани, вели уругвајскиот играч на парижани.
Лидерите во Лига 1 потрошија неверојатни 222 милиони евра за Нејмар, и дополнителни 180 милиони евра за Мбапе по едногодишниот заем од Монако. Заедно со Кавани, тројцата имаат постигнато 58 гола во сите натпреварувања, а ПСЖ сруши и голем број на рекорди во Лигата на шампионите каде што се квалификуваа за осминафиналето по четири меча.
Но, Кавани инсистира дека и покрај различноста во игрите на тројцата фудбалери со што тие се застрашувачки напад, тоа не би значело ништо без другите колеги.
„Имаме различни стилови и тоа ни помага да играме различно. Да ги направиме работите да функционираат добро. Многу луѓе зборуваат за Кавани, Нејмар и Мбапе, но ги забораваат другите играчи кои ни помагаат да бидеме толку добри напред. Од голманот до средниот ред, фудбалот не е спорт само за напаѓачите“, вели Кавани.
И покрај несогласувањата со Нејмар околу тоа кој ќе изведува пенали, како и големиот број на шпекулации за борба внатре во тимот на ПСЖ, Кавани не сакаше да навлегува во своите односи со Бразилецот, туку повеќе сакаше да зборува за тинејџерот Мбапе, кој постигна шест гола во 14 настапи за „светците“.
„Сакам да му покажам дека фудбалот е тактичка игра и со тоа да го направам покомплетен фудбалер понатаму во кариерата. Мислам дека тактиката е клучна за еден играч и тоа е мојот совет. Надвор од теренот тој е скромен, но многу е млад и треба да научи уште многу“, додава Кавани.