Едисон Кавани е подготвен откако ќе стане слободен играч на крајот на сезоната да се пресели во Барселона, тврди британскиот „Тајмс“.
34-годишниот Уругваец првично потпиша договор со Манчестер јунајтед само за минатата сезона, по шпекулациите дека сака да игра за Бока јуниорс, меѓутоа клубот успеа да го убеди да остане уште една сезона, иако не се наигра под Оле Гунар Солскјер.
Поранешниот напаѓач на Наполи и Пари Сен-Жермен би сакал да направи трансфер на „Ноу Камп“ во јануари, но во Барселона немаат многу средства, а тој сака да остане верен на својот збор даден на „ѓаволите“.