Фудбалските репрезентативци на Белгија победија во Казахстан 2:0 во рамките на осмото коло од квалификациите за пласман на ЕУРО 2020. Белгиците во минатото коло обезбедија пласман на Европското првенство, а со триумфот во Астана го задржаа максималниот ефект во групата, од која на ЕУРО 2020 ќе одат и Русите.
Белгијците до осмата квалификациска победа ја водеа Миши Батушуаи и Тома Мение. Белгија има осум победи максимални 24 бода и неверојатна гол разлика од 30 дадени и само еден примен гол.
Подоцна своите натпревари во групата ќе ги одиграат Кипар и Русија, односно Шкотска и Сан Марино.