Top Sport

Кедира: Ќе му помогнеме на Буфон да ја освои ЛШ

Германскиот фудбалер Сами Кедира ветил дека ќе му помогне на клупскиот соиграч Џанлуиџи Буфон да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Легендарниот голман на Јувентус се ближи кон крајот на блесквата кариера во која никогаш не ја освоил Лигата на шампионите.

Во понеделникот тој низ солзи се прости од националниот тим, откако Италија не успеа да ја мине Шведска во баражот за пласман на Мундијалот во Русија.

„Не можам да кажам дека сум среќен. Да го видиш Буфон како плаче е тажно. Буфон е голем спортист, жива чегенда. Се надевав дека ќе игра на тој турнир. Тажен сум поради мојот соиграч. Му испратив порака, му деостига еден трофеј и јас заедно со соиграчите ќе му помогнеме да го освои“, изјавил Кедира за „Билд“.

Јувентус два пати во изминатите три години играч финале во Лигата на шампионите, но не успеа да триумфира откако беше поразен од Барселона и Реал Мадрид.

Scroll to Top