Top Sport

Кеирош е лут на Иранците, си заминува по Мундијалот

Карлос Кеирош нема да остане селектор на Иран без разлика на резултатите на Светското првенство во Русија, објави поранешниот тренер на Реал Мадрид, велејќи дека не чувствува дека доволно е ценет.

Кеирош е на чело на „Мели“ од април 2011 и доби понуда за продолжување на договорот до Азискиот куп во јануари, но 65-годишниот Португалец вели дека по Мундијалот, каде што се во група со Мароко, Шпанија и Португалија си заминува.

„Понина речиси една година откако се квалификувавме за Русија и точно е дека ми дадоа понуда за уште шест месеци до Азискиот куп, но тоа не ги оправдува моите очекувања. По сите овие години, иранската федерација сака да продолжи само на шест месеци, шот покажува дека не го ценат тоа што го направив и таква понуда не е прифатлива. Преговорите се завршени, работата е зад мене“, изјави Кеирош за „Ројтерс“.

Кеирош планираше да се пензионира по Мундијалот за да помине повеќе време со семејството, но сега вели дека сака да стане првиот тренер кој се пласирал на едно СП пет пати. Бразилецот Карлос Алберто Переира и Србинот Бора Милутиновиќ пет пати беа тренери на СП, но двајцата преземаа тимови кои биле веќе квалификувани.

Кеирош ја донесе Јужна Африка на СП во 2002 година, пред да си замине, по што во 2010 година со Португалија се квалификуваше за СП во 2010, за во 2014 и 2018 да го квалификува Иран.

Фото: ЕПА

Scroll to Top