Стабилноста на Карлос Кеирош и неговото седумгодишно предводење на репрезентацијата го направи Иран најдобриот азиски тим, и пред Светското првенство во Русија главната цел е да се помине групната фаза.
Со списокот од 23 играчи за Мундијалот, Кеирош ќе се обиде да ги помине Мароко, Шпанија и Португалија во групата во петтиот настап на Иран на едно првенство, откако претходните четири (1978 1998, 2006 и 2014) завршија со напревари по групите.
Главната ѕвезда во тимот на Кеирош е напаѓачот на Рубин Казан, Сардар Азмун, клучниот напаѓач во квалификациите, а тука се и Алиреза Џаханбанкш, кој имаше импресивна сезона во АЗ Алкмар во холандското првенство.
Иран се квалификуваше на СП со само два примени гола и тоа против Сирија во меч во кој немаше значење за иранската репрезентација.
ИРАН, СП 2018
ГОЛМАНИ: Алиреза Беиранавд (Персеполис), Рашид Мазахери (Зоб Ахан), Амир Абеџадех (Маритимо)
ОДБРАНА: Рамин Резаејан (Остенде), Мохамед Реза Ханзадех (Падидех), Мортеза Пуралиганџи (Ал Сад), Пеџман Монтазери (Естеглал), Сејед Маџид Хосеини (Естеглал), Милад Мохамади (Ахмат Грозни), Рузбех Чешми (Естеглал).
СРЕДЕН РЕД: Саеид Езатолахи (Амкар Перм), Масуд Шоаџеи (АЕК Атина), Мехди Тораби (Саипа), Ашкан Џеџагах (Нотингем), Омид Ебрахими (Естеглал), Ехсан Хаџсафи (Олимпијакос), Вахид Амири (Персеполис), Саман Годос (Остерсунд), Али Голизадех (Саипа).
НАПАЃАЧИ: Алиреза Џаханбанкш (АЗ Алкмар), Карим Ансарифард (Олимпијакос), Махди Тареми (Ал Гарафа), Сардар Азмун (Рубин Казан), Реза Гучанеџхад (Херенвен).
Фото: ЕПА