Top Sport

Кеирош и Сантош ќе го остават 35-годишното пријателството настрана

Португалскиот селектор Фернандо Сантош признава дека ќе го остави настрана пријателството долго 35 години со иранскиот селектор, Карлос Кеирош пред денешниот дуел кој ќе биде одлучувачки кој од двете репрезентации ќе биде во осминафиналето на Мундијалот.

Кеирош, инаку исто така Португалец, вели дека Иран нема што да загуби во мечот со Португалија.

„Не дојдовме тука да сме добри лузери. Сакаме да го дадеме максимумот за иранскиот народ. Тие имаат многу да загубат, ние немаме ништо“, вели Кеирош.

Сантош не се согласува.

„Сите имаме што да загубиме. Иран е најдобриот азиски тим и ќе сакаат да победат за да одат во втората рунда. Карлос ми е пријател 35 години, но пријателството ќе биде на ’пауза’ бидејќи тој ќе го брани Иран“, вели Сантош.

Португалија оди понатаму и со реми, кое може да биде доволно за првото место во зависност од резултатот на мечот Шпанија-Мароко, а Иран мора да ги победи европските шампиони за пласман понатаму.

„Ќе одиме против Португалија со Роналдо со три ’Р’. Мораме да покажеме респект, да бидеме реалистични бидејќи играме против еден од најдобрите тимови на светот, но да не го заборавиме и третото ’Р’ – романтичноста“, вели Кеирош.

Scroll to Top