Португалскиот тренер Карлос Кеирош не беше скромен и се постави самиот себе меѓу најдобрите 10 тренери на светот.
Кеирош е на чекор да ги однесе Египет на Светското првенство во Катар, откако во првиот меч од африканскиот бараж, неговата репрезентација стигна до 1:0 победа над Сенегал, истиот противник од кого загубија на пенали во финалето на Африканскиот куп на нации.
„Не гледам причина да бидеме разочарани. Ги победивме африканските шампиони, а во реваншот ќе ја браниме преност. Имам 44 години искуство како интернационален тренер и над 2.000 мечеви зад мене. Јас сум единствениот кој однесе четири земји на Светско првенство и меѓу најдобрите 10 на светот“, вели Кеирош.
Станувајќи славен како помошник на Сер Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед, тој ги предводеше Јужна Африка (2002), Португалија (2010) и Иран (2014 и 2018) на Светските првенства, а беше селектор и на Обединетите Арапски Емирати и Колумбија. На клупско ниво, тој работеше во Спортинг Лисабон, Њујорк метростарс и, секако, Реал Мадрид.